Од Скопје до Велес по нова асфалтна подлога

Bez autora
Sep 04 2012

По сосема нова асфалтна подлога од крајот на овој или на почетокот на наредниот месец ќе се вози по автопатот од Катланово до Велес. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заедно со директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски вчера беа во обиколка на работите за реконструкција и ревитализација на коловозот и на косините на патот што ги врши скопски "Гранит". Тој истакна дека станува збор за инвестиција од околу 7,5 милиони евра со која драстично се подобрува асфалтната подлога на автопатот која претходно беше испукана и во лоша состојба. Добро е што во текот на работите за реконструкција ќе се отстранат и десетте проблематични косини со што во иднина нема да има поголеми одрони на камења.

Од Скопје до Велес по нова асфалтна подлогаПо сосема нова асфалтна подлога од крајот на овој или на почетокот на наредниот месец ќе се вози по автопатот од Катланово до Велес.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заедно со директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски вчера беа во обиколка на работите за реконструкција и ревитализација на коловозот и на косините на патот што ги врши скопски "Гранит". Тој истакна дека станува збор за инвестиција од околу 7,5 милиони евра со која драстично се подобрува асфалтната подлога на автопатот која претходно беше испукана и во лоша состојба.

- Добро е што во текот на работите за реконструкција ќе се отстранат и десетте проблематични косини со што во иднина нема да има поголеми одрони на камења - изјави Јанакиески.

Министерот Јанакиески додаде дека се планира до крајот на 2015 година целосно да се реконструира патниот Коридор 10, односно сите делови што претходно се изградени.

- За тоа веќе поднесовме ИПА-апликација и се очекува градежните работи да започнат во 2014 година, а овој месец ќе започнеме и со градежните работи на делот од Демир Капија до Смоквица. Очекувам во 2016 година, кога ќе заврши изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица, Коридорот 10 да биде патен правец со сите највисоки стандарди - рече Јанакиески.

Тој потсети дека од наредната година во соработка со НАТО ќе започне и реконструкцијата на преостанатите 13 мостови на Коридорот 10, што е инвестиција од околу 8,6 милиони евра.

Директорот на Агенцијата за државни патишта појасни дека реконструкцијата на делот од Велес до Скопје, чија проектантска вредност изнесува 8 милиони евра, ќе се финансира преку ИПА-фондовите на ЕУ, а работите ќе стартуваат кон крајот на идната година.

- Се надевам дека до крајот на годинава ќе добиеме потврда од ЕК дека проектот е одобрен за во рок од девет месеци да се изврши избор на изведувач и да се почне со градба - рече Георгиевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik